Претседателот на ЕП повика Италијанците да не гласаат за Берлускони

Loading...

Германскиот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кого своевремено поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони го спореди со чувар на нацистички концентрационен логор, ги предупреди во четвртокот Италијанците на изборите на 24-ти и 25-ти февруари да не му дадат поддршка на медиумскиот магнат кого го следат скандали. 

Мартин Шулц е последниот во низата германски политичари кои изразија стравување во врска со можното враќање на Силвио Берлускони на чело на италијанската политика, и тоа главно поради загриженоста дека тој ќе ги сопре италијанските реформи кои ја подигнале довербата на инвеститорите во еврозоната.
„Силвио Берлускони веќе ја испрати Италија во хаос со своето неодговорно однесување во владата и со личните испади”, рекол Шулц, а пренесува германскиот дневен весник Bild.
Весникот потсетува дека на поранешниот италијански премиер му беше одредена затворска казна за даночна измама, а во тек е процес во кој е осомничен за сексуален однос со малолетничка.
„Многу нешта се ставени на коцка на претстојните избори, вклучувајќи го и обезбедувањето да не се загуби довербата којашто ја изгради (технократскиот премиер на заминување -з.р.) Марио Монти. Јас сум убеден дека италијанските избирачи ќе го направат вистинскиот избор за својата земја”, истакнал Шулц.
Макфакс
Германскиот претседател на Европскиот парламент, Мартин

loading...