Шефот на изборниот штаб Арбер Адеми во изјава за медиумите рече дека останува на ставот оти „Европскиот фронт“ го добил легитимитетот од граѓаните за формирање влада. Оцени оти сите политички партии кои се дел од „Европскиот фронт“ ќе продолжат да дејствуваат заедно и го најави нивниот утрешен состанок во 13 часот
Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во седиштето во Мала Речица одржува состанок на Централното претседателство, а за утре е најавен и состанок со партнерите од „Европскиот фронт“ за нивно позиционирање по резултатите од парламентарните избори на 8 мај.
Шефот на изборниот штаб Арбер Адеми во изјава за медиумите рече дека останува на ставот оти „Европскиот фронт“ го добил легитимитетот од граѓаните за формирање влада.
„Утврдено е дека легитимитетот му припаѓа на ‘Европскиот фронт’ и на партиите кои го сочинуваат, согласно Охридскиот договор. Легитимитетот е добиен од гласачите и ниту со инженеринг ниту со политички договор не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите“,
изјави шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“, Арбер Адеми.
Адеми оцени оти сите политички партии кои се дел од „Европскиот фронт“ ќе продолжат да дејствуваат заедно и го најави нивниот утрешен состанок во 13 часот.
„Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа ова опција и таа поддршка на програмата да ја реализираме во државната политика. Ние имаме обврска, имаме задача да го спроведеме тоа. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон интеграција во Европската Унија и оваа средба е за да се обезбеди европскиот пат на граѓаните и да продолжат преговори со ЕУ, кои ДУИ ги започна“,
рече Адеми.
Инаку, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ на изборите одржани на 8 мај обезбеди вкупно 19 мандати во идниот парламентарен состав. Десет од вкупниот број пратеници кои ги освои коалицијата ќе ѝ припаднат на партијата на Али Ахмети. Останатите девет пратенички мандати, пак, се распоредени кај други партнери во „Европскиот фронт“, главно партии кои ги застапуваат интересите на Албанците во државата.
!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
The post Претседателството на ДУИ на состанок во Мала Речица, за утре закажана средба со партнерите од „Европскиот фронт“ appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: