Facebook најави нова апликација Home за Android, со која ќе можете полесно да споделувате статуси, слики и информации, односноапликацијата ќе ги стави луѓето пред програмите.
За време на претставувањето на новиот производ Марк Зукерберг потенцираше дека не станува збор за телефон, ниту за ОС, туку за нешто многу поголемо од обична апликација.
Станува збор за поопширно интегрирање на филозофијата на Facebook, во еден телефон во облик на Facebook Home, каде homescreen-от и lockscreen-от ќе имаат вчитана содржина од Facebook во позадина која ќе биде постојано прикажувана. Се што треба да направите е да го допрете екранот два пати, ако сакате нешто да лајкувате. Така ќе можете да ја коментирате содржината директно од home екранот.
“Сакаме се да се врти околу луѓето, а не околу програмите. Сакаме да го направиме најдоброто за сите луѓе на сите телефони. Не правиме телефон или оперативен систем. Во Home, светот го гледате низ луѓето, а не низ програмите.”, изјави Зукерберг за време на преставувањето на Home за Android.
Нотификациите ќе бидат прикажувани со сликите од профилите на вашите пријатели. Cover Feed ќе биде почетен екран, кој во целост ќе ги прикажува сликите на вашите пријатели и нивните статуси. Facebook Home ќе биде достапен и за таблетите,а не само за смарт телефоните.
Facebook најави нова апликација Home за Android, со која ќе можете полесно да споделувате статуси, слики и