На 04.10.2024 во 19:40 часот во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(27) од Р.Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од с. Џепчиште, тетовско.
Е.М. е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Oдземеното возило му било вратено на сопственикот.