Пригожин објави снимка со ковчези: Праќаме дома уште една „пратка“ мртви Украинци

Основачот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин објави видео од ковчези и рече дека во нив има мртви украински војници.

„Испраќаме дома уште една „пратка“ со загинати борци на украинската армија. Тие храбро се бореа и загинаа. Затоа најновиот камион ќе ги врати во нивната татковина“, вели Пригожин во видеото, облечен во воена опрема.
На видеото, мажи во униформи товарат дрвени ковчези во камион додека во позадина се слушаат експлозии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.