ПРИЗНА СЕ ВО СУД | Ова е манијакот кој се самозадоволуваше пред девојчиња во автобуси

Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, Сонер Арслан, едвај собра храброст да ги погледне четирите жртви во очи. На рочиштето, призна вина, изрази каење и ветуваше дека нема да го повтори делото. Најмладата негова жртва е 20-годишно девојче, додека највозрасната имала 24-години.

ПРИЗНА СЕ ВО СУД | Ова е манијакот кој се самозадоволуваше пред девојчиња во автобуси

Вкупно се пет, а четири беа и во судницата. Тој беше со грб свртен кон нив, па дури и кога судијката Љубинка Башевска му укажа дека не треба да и се извинува на неа, туку на оштетените девојчиња.

На рочиштето на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, има 30 години и е верен, бараше поблага казна и ветуваше дека нема да го повтори делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.