ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА – Братот на кралот Чарлс III повторно е мета на критики поради тоа што е дел од „црната листа“ на Џефри Епштајн

Најголемата антимонархистичка група во Велика Британија, Република, го пријави принцот Ендрју во лондонската полиција по неодамнешното објавување на скандалозните судски документи кои го поврзуваат со осудениот педофил Џефри Епштајн.

Постојана инспирација за дами со облини: Најдобрите комбинации на Ешли Греам!
Повеќето жени паѓаат во депресија кога ќе накачат некој килограм вишок, штом ќе забележат целулит на телото се тагуваат, стриите им се најголемата нервоза…Сепак, …
Рускиот јазик ќе се изучува во основните и средните училишта во Куманово, средба Димитриевски со рускиот амбасадор
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека остварил средба со амбасадорот на Русија во Северна Македонија, Сегреј Александровиќ Баздникин.„На средбата се разговараше за …

Документите што ги сподели со јавноста судот во Њујорк вклучуваат наводи дека братот на британскиот крал Чарлс III сексуално користел малолетничка, што принцот Ендрју истото го негира.

Наводната жртва е Вирџинија Џуфре, која претходно се откажа од анонимноста за да каже дека Џефри Епштајн трипати ја продавал на војводата од Јорк, пишува Times.

Принцот Ендрју претходно ги отфрли сите обвинувања и кажа дека не се сеќава на средбата со Вирџинија Џуфре, додека Скотланд Јард одби да коментира дали ќе ги преиспитаат наводите против војводата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.