Принцот Хари во новиот документарец вели дека никогаш не се опоравил од загубата на мајка си

Во документарецот на Netflix, принцот Хари зборува за траумата што му ја предизвикала авганистанската воена служба по смртта на неговата мајка.

Обвинителен акт за 14 царински и полициски службеници за примање на поткуп и злоупотреба на службената положба
По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен …
Голем пожар зафати фабрика за ацетон во Русија, одекнуваат експлозии
Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се …
Левица: СДСМ покажува дека не може да излезе од матрицата на ДУИ
Сервилноста и кукавичлукот на СДСМ ќе биде погубен преседан, коментираат од Левица …
Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 година
Украина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да го прекине …

„Губењето на мајка ми на толку млада возраст е траума за која никогаш не бев свесен. Никогаш за тоа не се дискутираше, никогаш не зборував за тоа и го потиснав како што би направиле повеќето млади луѓе“, вели принцот во документарецот.

Документарецот, кој во средата започна да се емитува во Обединетото Кралство, следи група војници на нивното патување на параолимписки спортски настан организиран од Хари во 2014 година за повредени и болни војници и ветерани.
„Најголемата борба за мене беше тоа што никој околу мене не можеше да ми помогне. Немав поддршка или професионален совет за да идентификувам што навистина се случува со мене. За жал, како и повеќето од нас, првиот пат кога навистина размислувате за терапија е кога лежите на подот во фетусна положба веројатно посакувајќи веќе да сте се осврнале на некои од овие работи“, рече тој.

Хари рече дека сака овој документарец да им помогне на луѓето кои поминале низ одредени трауми бидејќи и тој немал поддршка или разбирање за личните прашања. Тврди дека со години немал емоции и не плачел.
Инаку, принцот Хари е извршен продуцент на документарниот филм, кој е дел од договорот со Netflix, каде што претходно го објавија контроверзниот документарец за Хари и Меган. Режиран е од Орландо фон Ајнзидел, а продуциран од Џоана Натасегара. Документарецот сè уште не е достапен во сите земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.