Постојат многу причини поради кои жените изневеруваат и ниту една од тие партнерите не би требало да ги игнорираат, туку доколку сакаат да ја спасат нивната врска или брак, тоа да го направат со добра комуникација.
Вообичаено, знаците дека една жена изневерува вклучуваат долго седење на Интернет или на телефонот до доцна во ноќта или сама во друга просторија. Може да се забележат и промени во стилот, парфемот, недостатокот од интимност во вашата врска, како и забележно целосно дистанцирање.
Во продолжение се 7 најчести причини поради кои жените се одлучуваат да го изневерат својот партнер:
1. Се чувствуваат осамено или преживеале некоја непријатна ситуација
Доколку од неодамна жената преживеале траума, некоја болест и слично, кое ги довело до работ на смртта, е поттик тие да започнат да размислуваат подлабоко за животот и започнуваат да го ценат секој момент. Одредени жени во таков период се чувствуваат ограничени со времето и не сакаат да пропуштат ниту една секунда од забавата, па затоа тргнуваат да изневеруваат.
2. Огорчени се од лошиот квалитет на нивниот интимен живот
Кога жените чувствуваат дека интимниот однос со нивниот партнер се влошил или пак имаат недостаток од истиот, тогаш некои жени забавата започнуваат да ја бараат надвор од нивниот кревет.
3. Сакаат да бидат фатени на дело
Одредени жени не сакаат тие да бидат главните виновници за разделбата со партнерот, па затоа изневеруваат за да бидат фатени и на еден начин, нивните партнери сами да стават крај, а така жените полесно да се спасат.
4. Бараат љубовДоколку во врската партнерите повеќе наликуваат на другари, отколку на заљубен пар, тоа ќе ги поттикне одредени дами, поради недостаток од љубов, истата да ја побараат кај некој друг.
5. За да го зголемат своето его
Кога жената престанува да се чувствува емоционално поврзана со својот партнер, тогаш во одредени случаи, наместо прекинување на врската, настапува изневерување. Кога жените изневеруваат, тие всушност тоа може да го прават и за зголемување на своето его, бидејќи им годат комплиментите од другите мажи.
6. Адреналин
Честопати, одредени жени изневеруваат од сосема едноставна причина – адреналинот. Тие на моменти сакаат да ја почувствуваат возбудата да бидат интимни со некој друг, како и возбудата од можноста дека можеби би биле фатени на дело. Ваквите жени секогаш ја претпочитаат авантурата пред стабилноста.
7. Одмазда
Понекогаш, некои жени одлучуваат да возврат на неверството на нивниот партнер во иста мера- и тие да го изневерат и на тој начин да му покажат како тие се чувствувале кога тој ги повредил.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.