При пад на воен хеликоптер во Венецуела, загинаа сите седум офицери

Како што соопшти Министерството за одбрана на Венецуела сите седум членови на екипажот загинаа при пад на воен хеликоптер во близина на Каракас.
-Хеликоптерот летал од Каракас во сојузната држава Кохедес, каде што се наоѓаше претседателот Николас Мадуро, наведено е во соопштението.
Хеликоптерот удрил во планина кај Каракас, и во него имало двајца потполковници и петмина офицери. Властите ја испитуваат причината за несреќата.
Претседателот Мадуро, на својот Твитер профил напиша дека “длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.