Синоќа во текот на претресот во просториите на “1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ“21“.
Полицијата претрес извршила во канцеларијата на Јовановски, а целиот претрес имало налог и да биде сниман од страна на полициските единици.
Снимките на ТВ“21“ потврдуваат дека се одземени предмети од телевизијата, а како што дознаваме претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда. Засега нема информации дали се пронајдени.