При судар со “Пежо 206“ тешко повреден мотоциклист

Loading...

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18:50 часот на ул.“Московска“ во Скопје тешко е повреден мотоциклист.
– Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило “Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл “Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, потврдија од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

loading...