Секогаш покрај малечките ставајте некој нивни омилен предмет, на пример играчка со која си играл во текот на денот. Се препорачува и вратата да биле малку отворена а светлото запалено но пригушено. Ако бебето спие со вас во собата само повлечете завеса за светлото да биде прилагодено за потребите на бебето. После шест месеци имајте во предвид дека бебето се навикнало каде да спие. Навикнува на предметите и луѓето, па ако излезе од комфорна зона веднаш протестира. Затоа, навикнувајте го да спие и во своја соба а не само во вашата.
Ако спиете заедно
Се смета дека 15% од бебињата спијат со своите родители во текот на првите недели или месеци. Тоа е голема предност за мајките кои дојат, зошто не мора да стануваат од кревет за да го нахранат своето новороденче. Или, ако тоа спие веднаш до родителскиот кревет , партнерот може да помогне ако нешто затреба на мајката.
Многу родители се плашат дека покасно не ќе можат да го тргнат бебто од заедничкиот кревет . Но родителскиот страв обично е без причина. Како што детето го учите за други работи на самостојност (само да јаде со лажица, само да користи нокшир) може да го научите да се чувствува безбедно и сигурно кога е во креветот, но се разбира кога за тоа ќе биде спремно.
Можеби нешто смета
Ако бебето на вечер плаче и не сака да се смири проверете дали за тоа постои физичка причина. Следниот список може да ви помогне во случај нешто да сте изоставиле.
– Дали е соодветно облечено?
За да му биде удобно на бебето, до три месеци треба да носи еден слој облека повеќе од возрасните. Но водете сметка дека облекувањето по дома и надвор не е исто.
– Дали е премногу светло или премногу мрачно?
Прејакото светло може да му смета, а од друга страна не сакаат ни потполно мрак. Решение е пригушено светло или подотворена врата од бебешката соба.
– Дали можеби осипот од пелените прави проблеми?
Пелените за еднократна употреба упиваат добро, но тоа не е причина ретко да се менуваат. Памучните пелени исто така се добри, но не треба бебето да се остави долго време да биде мокро.
– Дали бебето е гладно?
Многу брзо ќе почнете да го препознавате плачот од глад. Сите мали бебиња имаат потреба за почести оброци особено ако ги доите. Мајќиното млеко е совршена храна која брзо се вари, па затоа новороденчето брзо огладнува. Но бројот на оброци не е причина за грижа. Бебето што цица нема да се прејади.
– Дали бебето се чувствува смирено?
Повеќето доенчиња се успиваат во раце полесно наместо во кревет. Бидејќи уживаат во топлината на вашето тело и милувањето. Ако се хранат преку шишенце може да помогне играчка или цуцла иако тоа не е адекватна замена за човечки допир.
Ако често се буди во текот на ноќта
– Новороденчето се буди на вечер за повторно да јаде. Неговиот желудник е мал и обично не собира многу храна за да го држи сито во текот на ноќта.
– Бебето обично не плаче кога не е гладно, иако не е секогаш случај. Ако бебето спие со вас во кревет и неговиот кревет не е покрај вашиот ќе приметите дека е будно но мирно, само разгледува и се осеќа пријатно во ваше присуство.
– околу шестиот месец, скоро сите бебиња спијат поголем дел од ноќта. Но никнувањето на заби, промена на време, или други проблеми може да предизвикаат често будење.
– После 6 месеци бебињата кои се будат веднаш сакаат храна. Пробајте прво со млеко и гушкање. Ако е гладно сеуште вметнете соодветни додатоци за возраста. Ако повторно плаче пробајте да ја утврите причината.
Кој период во денот е “најлош’?
Бебињата кои се будат во текот на ноќта , брзо ќе се нахранат и повторно заспиваат. Дење обично спијат малку, најдолго наутро. На вечер се повознемирени. Затоа следи гушкање, јадење, капење, лулање… Ова прилично е тешко за сите родители кои се уморни и ненаспани. Тешко е да шетаат низ куќа со бебе во раце или да лулаат. Ако пак бебето има грчеви, блага масажа и триење по грбот понекогаш може да помогнат.
Ако не сака да спие преку ден
Некои бебиња не осеќаат потреба да спијат преку ден. Но пробајте да ги надмудрите со лулање или возење во количка. Но имајте во предвид дека секогаш не успева.
Создајте мирна атмосфера , топлина, пуштете музика која опушта.
Како вие да издржите
За бебето раѓањето е голем шок, зошто доаѓа во нова средина. Родителите треб а да се подготвени за тоа. Иако однесувањето на бебето за родителите е прилично заморно, често може да влијае и на расположение, да создава чувство на неспособност па за нив е тешко да се изборат за тоа. Еве кратки совети за издржување во такви ситуации:
– Не се нервирајте за секакви ситници.
– Пробајте што помалку да спремате и готвите во тој период.
– Не бидете разочарани или навредени ако вашиот партнер ги преспие ноќните будења на бебето и оброците, особено ако доите.
– Заради исцрпеноста, можеби ќе имате потреба да одете во кревет порано од вообичаено.
Бебешка соба за спиење
За да создадете најдобри услови за спиење еве некои основни правила кои треба да ги испочитувате:
– Обезбедете соодветна температура во собата
– Покријте го бебето со лесни слоевити прекривачи кои по потреба може да се отстранат. Но користете прекривачи кои не шушкаат како јорганче на пример. За да не го будат бебето.
– Најважно правило во просторот каде бебето спие, а по можност и во целиот дом е да не се пуши.
– Бебињата се склони на реакции од грињи во прашина. Затоа редовно перете ги постелнините, завесите и меките играчки. Избегнувајте теписи во спалната соба – тие се легло на овие штетници.