Истрагата траела со часови
Некој упаднал во станот на хрватската пејачка Северина Којиќ, на улицата Бијеничка во Загреб, а полицијата ги утврдува деталите за настанот, наведува 24сата.хр.
Имено, попладнево, на 14 јуни, како што се наведува, се случил упад, а полицијата утврдува дали станува збор за кражба, разбојништво или вознемирување.
Во текот на денот имаше неколку полициски возила пред домот на Северина.
Како што се наведува, истрагата траела со часови.