На веб страницата „Купувам домашно“ е достапна ажурираната листа на граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање помош од 6000 денари за купување домашни производи, а која се доделува за справување со економските последици од пандемијата Ковид 19.
Кликнете на сликата и ќе бидете упатени на сајтот каде што со внесување на вашиот матичен број ќе проверите дали ги исполнувате условите за оваа рунда помош.
https://www.kupuvamdomasno.gov.mk/mk/
Како што стои на сајтот, на листата дополнително ќе бидат додадени самохраните родители, филмските и естрадни уметници кои ги исполниле условите за добивање на помошта. Рокот за приговори пак е до утре, 21 декември. Така, лицата кои ги нема на листата, а сметаат дека ги исполнуваат условите за помош, приговорот треба да го поднесат директно преку веб страницата „Купувам домашно“.
Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Од Владата претходно посочија дека помошта на загрозените категории граѓани ќе оди директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.
Според проценките, ваква помош ќе добијат околу 300 илјади граѓани ќе добијат по 6 илјади денари за пазарење на домашни производи, за што се одвоени 27 милиони евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.