Прогласена вонредна состојба во Еквадор, војската излегува на улица

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата Адолфо Масијас избега од затвор каде ја отслужуваше казната.

– Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога шверцерите на дрога, убијците и организираниот криминал и диктираат на владата што да прави, рече Нобоа.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на …

За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час.

Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.

Вонредната состојба беше прогласена вчера и нејзините последици се меѓу првите големи безбедносни предизвици за Нобоа, кој ја презеде функцијата во ноември, ветувајќи дека ќе го спречи растечкото насилство во јужноамериканската земја.

Затворската агенција на Еквадор соопшти дека вчера имало „инциденти“ во шесте преполни затвори во земјата.

Во затворите во Еквадор често има судири меѓу ривалските банди, а од 2021 година во нив починале повеќе од 400 затвореници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.