ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈНА ВО СРБИЈА ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА АМОНИЈАК: 51 лице во болница

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ вечерва прогласи вонредна состојба во градот, откако во близина на местото Сопотски Хан се преврте вагон на композиција на товарен воз кој превезувал гас од амонијак. При инцидентот од вагонот истекол гас и во атмосферата е ослободена висока концентрација на амонијак, поради што 51 лице се хоспитализирани со симптоми на труење. Поради вонредната состојба утре нема да работат училиштата во Пирот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вагонот на товарниот воз што превезувал амонијак се превртел околу 17 часот и 30 минути на дел од пругата од Пирот до село Станичење, кај местото Сопотски Хан, соопшти српското МВР.
РТС јави дека до несреќата дошло кога композиција од 20 цистерни излетале од шините, од кои „најмалку една паднала во коритото на реката Нишава, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во допир со вода“.

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈНА ВО СРБИЈА ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА АМОНИЈАК: 51 лице во болница

Одделот за вонредни состојби на српското МВР потврди дека досега се хоспитализирани 51 лице со симптоми на труење со амонијак, од кои две лица се со тешки симптоми. Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш се пренесени седум лица, кои имаат стабилни витални параметри со надразнувачки симптоми и благи хемиски изгореници.

МВР ги повика граѓаните кои живеат во близина на несреќата, да не ги напуштаат домовите и да не излегуваат на отворено.

На местото на настанот се испратени 27 пожарникари со 10 противпожарни возила.Поради несреќата железничкиот сообраќај на оваа пруга е во прекин.

Поради слаба видливост во прекин е сообраќајот и меѓу Пирот и Бела Паланка по магистралниот и главниот пат, а алтернативната траса е преку селото Понор.
Евакуирани се и работниците од втора смена во компанијата „Тигар гуми“, а на вработените во третата смена нема да доаѓа на работа.

Компанијата „Србија Карго“ се огласи и соопшти дека се работи за товарен воз кој секојдневно сообраќа на делницата Ниш-Димитровгад и превезува суровини од Бугарија до Прахово и Шабац.
Сопственикот на порталот Пирот плус онлајн, Ненад Пауновиќ, претходно вечерва изјави за Н1 дека на потегот долг 30 километри од Бела Паланка до Пирот има силен мирис на амонијак, а видливоста е толку слаба, што некои автомобили излетале од патот.

– Жителите на Пирот се во страв, никој не излегува од дома, посочи Пауновиќ.
Одделот за вонредни состојби на српското МВР потврди дека досега се хоспитализирани 51 лице со симптоми на труење со амонијак, од кои две лица се со тешки симптоми.

Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ прогласи вонредна состојба во тој град. Поради прогласување вонредна состојба училиштата во Пирот во понеделник нема да работат.
Педесет и едно лице се хоспитализирани со симптоми на труење со амонијак, од кои две се со потешки симптоми, соопшти Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.