Прогласени најмоќните пасоши за 2024 – еве на кое место е македонскиот

Објавена е ранг листата на најмоќните пасоши за 2024 година, а на врвот повторно се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои четврта година по ред го обезбедуваат првото место.

Овој глобален индекс го мери бројот на земји во кои граѓаните можат да патуваат без визи, при што државјаните на ОАЕ имаат пристап до импресивни 133 земји без визи и дополнителни 47 земји со визи при пристигнување, што покрива повеќе од 90 отсто од светот.

Македонскиот пасош е на 34-тото место во светски рамки. Со македонски пасош, граѓаните имаат безвизен пристап во 83 земји.

Европските земји доминираат во рангирањето. Шпанија ја престигна Германија и има втор најмоќен пасош, додека Финска забележа раст и го зазеде третото место заедно со Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција и Ирска, објави „Passportindex.org“.

Четвртото место го делат Шведска, Полска и Унгарија, а петтото го зазедоа Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска и Словачка.

На шестото место се Јапонија, Словенија, Летонија, Нов Зеланд и Лихтенштајн. На седмото место се Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија, Австралија.

Најмоќните пасоши за 2024 година:

1. Обединети Арапски Емирати

2. Шпанија

3. Финска, Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција, Ирска

4. Шведска, Полска, Унгарија

5. Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска, Словачка

6. Јапонија, Словенија, Латвија, Нов Зеланд, Лихтенштајн

7. Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија, Австралија

8. Соединетите Американски Држави и Исланд

9. Кипар

10. Малезија и Монако

Целата ранг листа можете да ја погледнете ТУКА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.