Продаден еден од најретките дијаманти за вртоглава сума

Редок син дијамант кој во изминатите 300 години ги поминал во европските кралски куќи е продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари.
Елизабет Фарнес, ќерка на војводата од Парма, го добила дијамантот „Фарнес блу“ во 1715. година кога се омажила за шпанскиот крал Филип Втори, пишува Би-Би-Си.
Дијамантот потоа одел „од колено на колено“ од Шпанија во Франција, Италија и Австрија.
Тој има 6,1 карати и доаѓа од прочуениот рудник на дијаманти Голконда, во Индија.
Продаден е само четири минути откако е понуден на аукција и лесно ја надмина проценетата цена од 3,5 милиони долари.
-Очекувавме добар резултат, но тргнавме од 3,5 милиони и завршвиме на 6,7 милиони, така што ги надминавме нашите очекувања, изјави Даниела Мачети, експерт во аукциската куќа Сотесби.
Според неа, дијамант како овој, кој е од висок квалитет и имаат историја, одлучно поминуваат на аукција.
На сајтот на Сотесби се наведува дека овој дијамант некогаш бил дел од тијарата на француската кралица Марија Антоанете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.