Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во БиХ

По катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, продолжува потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства. Во моментов се трага за  15 лица кои изчезнаа во поплавите.

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека изјави дека Босна и Херцеговина го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во земјата погодена од големи поплави.

„ЕУ стои со Босна и Херцеговина! Солидарност на дело“, рече Сорека на платформата Х.

Локалните власти соопштија дека успеале да воспостават  патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.

Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин“,  заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, соопштија локалните власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: