Проекција на францускиот филм „Старателство“ по повод 8 Март, Денот на женските права, и почеток на одбележувањето на Франкофонијата

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на проекцијата на филмот „Старателство“, во вторник, 8 март, во 20 часот, во Кинотека на Северна Македонија.

Филмот е со ангажирана тематика и се прикажува по повод 8 Март, Меѓународниот ден на женските права, а воедно е и прв настан од серијата активности во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.

„Старателство“ е филм на на Гзавие Легран, од 2017, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги.

Филмот ја обработува темата за децата како жртви при бракоразводна постапка на родителите, но и за насилството во рамките на семејството.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои и 4 награди Цезар: најдобар филм, најдобра женска улога, најдобро сценарио и најдобра филмска монтажа.

Филмот е со превод на македонски јазик, а резервации на билети се прават во Кинотеката.

Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.


Официјален плакат за филмот и официјална покана во прилог на мејлот.

*

Критики за филмот во француските медиуми:

„Филм на годината.“ (Синема Тизер)

„Неверојатна режија, извонредна игра на актерското трио, психолошки трилер за деструктивниот процес при семејно насилство.“ (Ла Кроа)

„Вистински филмски погодок на чувствителна тема.“ (Нувел Опсерватер)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.