Променливо време со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, наместа пороен проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.