Променливо време со сончеви периоди, температурите до 20 степени

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 12 до 20 степени.

Времето утре сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.
Од УХМР информираат дека продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Поголемо наоблачување ќе има на крајот од работната недела и ќе биде проследено со услови а слаб локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.