Променливо облачно и ветровито

Во Македонија времето денес ќе биде претежно облачно нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и особено во југоисточните делови, засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен Целзиусов.
И утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места тие ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Затоплување на времето се очекува од среда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.