Променливо расположението на европските берзи

Loading...

Европските берзански индекси се движеа неизедначено во вторникот, со оглед дека инвеститорите се во потрага по јасни насоки и се фокусираат на деловните извештаи на компаниите.

Лондонски FTSЕ порасна за 0,3 отсто, на 6.296 поени, париски CAC се зголеми за 0,38 отсто, на 3.664 поен, додека франкфуртскиот DAX беше во благ минус од 0,1 отсто, на 7.627 поени.Предничеа извештајот на британската банка Barclays и тмурната состојба во автомобилскиот сектор.Barclays доби на вредноста 4,8 отсто откако најави укинување на 3.700 работни места, известувајќи воедно за нето загуба во 2012 година.Разочараа претпријатијата поврзани со автомобилската индустрија, па цената на акцијата на Michelin се намали за 3,3 отсто, бидејќи деловниот резултат на францускиот произведувач на гуми не ги исполни очекувањата, а разочара и прогнозата за приход во 2013 година.Произведувачот на делови за автомобили Faureciom загуби на вредноста 0,8 отсто, откако објави дека ја укинува дивидендата.Тмурната состојба во европскиот автомобилски сектор ги погоди и другите сектори, па така германскиот произведувач на челик ThyssenKrupp ослабна за 0,9 отсто откако објави дека силно му се намалила добивката поради падот на цената на челикот и слабиот автомобилски пазар.Упатените сепак истакнуваат дека актуелниот пад на акциите повеќе личи на пауза отколку на почеток на сериозна корекција, бидејќи акциите се сеуште атрактивни за инвестиции. „Гледано од перспектива на инвестициска стратегија, акциите и натаму се најинтересната категорија на имот која веројатно би сакале да ја поседувате“, вели Јан Ричардс од компанијата Ewane BNP Paribas
Макфакс
Европските берзански индекси се движеа неизедначено во вторникот, со оглед дека инвеститорите се во потрага по јасни насоки

loading...
Loading...