Промоција на книгата „Килибар и Младост“ од Гордана Михајлова Бошнакоска

На 22 мај, во 19:19 часот во Салон Империјал 1, ќе се одржи промоција на книгатата „Килибар и Младост“ од Гордана Михајлова Бошнакоска. Книгата ќе ја промовираат Бранко Цветковски и Гоце Смилевски, стиховите ги кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Борче Начев

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1септември 1940 год. во Битола. Студирала на Филолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Пишува поезија, проза , есеи за литература и уметност (сликарство и скулптура). Има објавено петнаесет збирки поезија првата Времето го нема 1965, а најновата Мед и младост 2023. Наградата Браќа Миладиновци ја доби за збирката Планини од картоснки кутии, а наградата ,,Ацо Шопов,, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ја доби за збирката Песна на ридот, како и наградата ,,Празник на липите“. Застапена е во сите поетски антологии во Македонија и странство, како и во панорамски прикази. Преведени се нејзините песни на сите светски јазици. Поединечни преводи се објавени на нејзини поетски избори како и збирката Толкување на морето. Од Македонија застапена е во антологијата ,,13 Ѕвезди на словенското небо,, што ја издаде Словенската акдемија за литература и уметност од Варна ( Бугарија), каде е и нејзин член и носител на највисокото признание ,,Големо летечко перо,, за целокупно творештво. Македонската ТВ има снимено две емисии за нејзината поезија и проза, како и Македонското радио ја застапи во звучната антологија на македонската поезија. Носителка е на признанието Витез на пишаниот збор како и на највисокото признание на ДПМ ,,Книжевен жезол,, за целокупно творештво. Ги има објавено збирката раскази Босфорско летои романот Потрага по приказна. Настапувала на бројни литературни манифестации во Македонија и во странсто. Добитничка е на стипендијата Фулбрајт со престој во САД. Застапена е во изданијата за литература од Министерството за култура на Македонија (р. бр. 50) , како и во македонската енциклопедија. За нејзиното творештво пишувале многу македонски автори од сите генерации, како и автори од други земји.

Нејзината поетска збирка „Килибар и младост“, е втора од проектот поетска трилогија, во која се надоврзува на претходната „Мед и младост“, а третата како проект ќе го носи насловот „Маслина и младост“. Целиот проект во суштина ја поставува дилемата на вечноста и минливоста.

Пронајдете не на следниве мрежи: