Промоција на книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог” од Џабир Дерала и Валентин Нешовски



Kомпанијата за филмска продукција, уметност и издаваштво „Шорткат” и редакцијата на порталот „Фронтлајн” имаат чест да го претстават своето најново издание, книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог” од Џабир Дерала и Валентин Нешовски.

Промотори на книгата ќе бидат проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски. Промоцијата ќе се одржи денес, 11 јуни (вторник) во 19:30 часот, во рок бар „Гарсон”.

Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу авторите кои се занимаваат со напредокот и примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз општеството, економијата, безбедноста, меѓучовечките односи и низа други аспекти.

Според авторите Дерала и Нешовски, „оваа книга е придонес кон разбирањето на вештачката интелигенција, нејзината примена, предизвиците и перспективите, добрите и лошите страни, иднината”.

Идејата за ова дело произлегува од серијата дијалози објавени во рубриката Tech Front на „Фронтлајн” на почетокот на оваа година. Дијалозите се дополнети со нови, необјавени делови, како и сосема нови кратки есеи на темите поврзани со вештачката интелигенција. Авторите ја повикаа и вештачката интелигенција да креира голем број тематски илустрации, еден краток осврт за книгата и фиктивни, футуристички биографии.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: