Промоција на „Координати на болката“ на Александра Спасеска






Поетесата Александра Спасеска ќе ја промовира својата збирка на поезија „Координати на болката“ на 15 јуни во кафе-книжарницата Илика.

„Координати на болката“  е втората поетска збирка на Александра Спасеска којашто во 2023 г. беше добитник на наградата „Антев златник“. Авторката храбро ги истражува маркантните сцени, интимните релации и важните човечки фигури од сопствениот живот, правејќи ја поезијата сцена на којашто се одвива рефлексијата на личното и колективното искуство. Спасеска во својата збирка гради мост помеѓу интимното и политичкото, помеѓу внатрешниот и надворешниот свет, но и помеѓу родениот и избраниот дом, а со тоа говори и репрезентативно за искуствата на цели едни генерации.

Поетесата Д.А. Лори за збирката вели: „(…) она што најмногу остава впечаток е дека Александра Спасеска храбро патува кон себеси; постојано се бори со стравот да биде разоткриена, разголена пред другиот и успева да ја добие таа битка, го победува стравот.“

Александра Спасеска (1984) живее и работи во Скопје. Таа е новинарка, преведувачка, авторка и активистка, со ангажмани во граѓанскиот сектор како истражувачка и менторка. „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ е нејзината прва самостојна објавена книга, во издание на ПНВ Публикации (2023). За песната „Имало денови“ ја доби втората награда на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), што во соработка со Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ја додели наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ за 2024 година. Застапена е во неколку антологии, а нејзините песни се објавувани во домашната и странската периодика. Има соработувано со неколку македонски автори како преведувачка и препејувачка.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: