Промоција на збирката поезија „Побег на нештата“ од Љерка Тот Наумова ќе се одржи денеска во Национална галерија – Даут пашин амам во рамки на програмата на Скопско лето.
Книгата е во издание на Ми-Ан – Скопје. Модератор на настанот ќе биде Јадранка Чадиновска, а промотор Марина Мијаковска
За време на настанот, музички настап ќе има Кристијан Мирковски, со музичките дела Marche Neputale -J.Hayden, Largo und Allegro G-Dur J.S.Bach, Aria- Anonimus.
Во Сули ан – Факултет за ликовни уметности задутре е предвиден концерт на КИЦ ПОП ХОР од Црна Гора, по повод Денот на државноста на Црна Гора.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.