За 550 денари се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани.
Но, скокот на платите, не го следи поскапувањето на храната. Од Синдикатот велат дека и со покачувањето, платата не стига за нормална живеачка.
– И овие плати се ниски. Мора да најдеме начин да се подобри стандардот на граѓаните. Со овој просек кој го имаат, со 2 просечни плати од текстилниот сектор, кои се околу 27.000 денари, не може да се задоволи месечната потрошувачка кошница која надмина 1.000 евра. Според статсиктата, околу 70.000 работници земаат плати од 27.000 до 37.000 денари, изјави Љупчо Радовски, претседател на текстилен синдикат.
Највисоки плати, над 97.000 денари земаат програмерите. Зад нив, нешто над 60.000 добиваат вработените во фармацијата, водухопловството, финансииските услуги. Најниски плати пак, се исплаќаат во текстилната индустрија, иако за една година во овој сектор пораснале за над 10%. Според Радовски, морале да исплаќаат повеке, за да се спречи иселувањето во регионот, каде минималецот е речиси двојно повисок отколку кај нас.
– Ние се соочуваме со недостиг на работна сила. Сите заминаа да работат во земјите од регионот, каде минималната плата која се исплаќа во овој сектор е двојно повисока, додава Радовски
Периодов, на социо-економскиот совет се преговара за зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 22,576 денари. Синдикатот бара 450 евра минималец, додека со законското усогласување во март треба да изнесуава 400 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.