Прости ни Вања… Тијана Дапчевиќ уништена од безмилосното убиство на Вања – Тага, немоќ и гнев

Целиот регион го потресе вестта дека малолетната Вања Горчевска (14) е пронајдена мртва. Вања била убиена во понеделник наутро, дента кога била и киднапирана.

Вања исчезнала на 27 ноември на пат кон училиште, а нејзиното тело било пронајдено вчера во село меѓу Скопје и Велес. Пронајдено е и телото на велешанецот Панчо Жежовски (74), чие исчезнување беше пријавено на 22 ноември. За убиството на Панче и Вања, според обвинителството, стојат исти лица.

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ полн со патници бил погоден со куршум од пиштол додека се движел на пистата на аеродромот Лав Филд во Далас, соопштија денеска локалните власти.Авионот се …
Трамп го назначи Крис Рајт за секретар за енергетика
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, за секретар за енергетика, пренесува АП.Рајт, и покрај научните докази, тврди дека емисиите на …

За неописливата трагедија скршена од исходот за кој сите се надеваа дека нема да се случи проговори и познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ.

– Тага… Беспомошност… Гнев… Прости ни, Вања. Сочувство до семејството – напиша Тијана со скршено срце и црно-бела фотографија од девојчето – жртва, како и цитат посветен на неа.

Да потсетиме, последните информации за овој трагичен настан се дека киднапирањето на Вања Горчевска (14) го организирал нејзиниот татко, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: