Протести и апсења во Тирана. Скоро никој не носи маски

Протести и апсења во Тирана. Скоро никој не носи маски

Албанската полиција се судри со симпатизерите на опозицијата во Тирана кои протестираа против рушењето на зградата на Народниот театар. Лидери од опозицијата и некои уметници застанале пред зградата пред да почне рушењето.

Уапсени се околу триесет протестанти, како и некои новинари.

Полицијата ја уапсила и лидерката на малата опозициона партија Моника Криемади, сопруга на претседателот на Албанија, Илир Мета. Одлуката на владата да се сруши зградата на Народниот театар која ја изградиле Италијанци кога ја окупирале Албанија во Втората Светска војна, не била прифатена од уметниците, опозиционерите и другите граѓани, истакнувајќи дека треба да се реновира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.