ВМРО-ДПМНЕ вчера оржа протестен марш во Кочани, а пред граѓаните се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој презентираше дел од барањата кои партијата ги доставува до Владата во име на народот.
Итни оставки од неколку министри, стоп за повисоки даноци, решение за чист воздух… се само дел од барањата кои вчера ги обелодени Мицкоски и ви ги пренесуваме во продолжение:
Итна и неотповиклива оставка на министерот, кој што својата нација ја нарече искомплексирана нација. Министерот кој што благодарение на оваа нација, која го полни буџетот зема плата, ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Република Македонија, со стипендиите што овој народ ги обезбедил.
Итна и неотповиклива оставка за министерот за терор и прогон, односно полиција, Оливер Спасовски.
Да сопре иницијативата од владата за покачување на даноците во Република Македонија и да престане осиромашувањето на бизнисот.
Продолжување на проектот за гасификација на Македонија
Да се формира независно тело кое што ќе го предводи човек предложен од опозицијата, кое што ќе ги преслуша, анализира, систематизира сите материјали кои се собрани зиминативе две години како резултат на црниот „Вотергејт“ на Заев.
Почитување на јасно изразената волја на народот на референдум.
Ова се првите шест барања, продолжуваме и понатаму со нови барања, порача Мицкоски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.