Протест во 13:30, во Скопје изменет сообраќаен режим

Loading...

СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен во 13.30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.
Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.
Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

loading...