Му донирала бубрег на маж што не го видела во животот туку само затоа што ја трогнала празничната желба на неговиот син

Добрите дела можат повторно и повторно да не воодушевуваат. Тие оставаат чувство на среќа и допир на неверување, без разлика дали се работи за нешто што се случува во нашата земја и ни е блиску или некаде далеку во светот. Еден таков пример беше објавен на мрежата Икс со опис кој истовремено е душевен и исцелувачки.

Метео: Облачно, дождливо и ладно време
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од …
Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавци
Некои луѓе едноставно не сакаат да споделуваат – без разлика дали се работи за финансии, храна или ситници како кафе. Некогаш не се работи за можност, …

На видеото е прикажана наставничка во болничка облека прикачена на инфузија во болничката соба за да го види и запознае човекот на кого таа му го донирала својот бубрег.

Освен задоволството од благородниот чин некој да може да донира орган на непозната личност, деталите од овој пример се оние кои не можат да не остават рамнодушни.

Имено, оваа професорка по математика со својот благороден чин му спасила живот, но и му ја исполнила најголемата желба на малиот син кој имал само една желба – здрав татко.

Нивната средба се одржа со видлива благодарност на спасениот човек и забележителна скромност на учителката.

Погледнете како тоа изгледаше:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.