ПСЖ потпиша со 17-годишен Мароканец, кој е машина за голови! (ВИДЕО)

Дека ПСЖ не е само клуб-трговец, туку работи и на сопствени таленти, доказ е 17-годишниот Иљес Хусни. Клубот му додели прв професионален договор и ќе го користи во сениоскиот тим, кога ќе има потреба и сето тоа е награда за формата и квалитетите на момчето со кои отскокнува од своите врсници.

Станува збор за Мароканец по родители, но роден во Кретеј. Од свои 14 години дошол во академијата на ПСЖ, а оваа есен прописно „експлодира“ во повеќе наврати.

Уште во октомври, во У19 лигата во Франција, постигнал шест гола на мечот ПСЖ – Ремс, во кој „светците“ славеле со 9-0. Во младинската Лига на шамипионите тој е главен играч на ПСЖ и на шест меча постигнал осум гола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.