Една од главните карактеристики на здравата, урамнотежена личност е способноста да зборува и да делува директно.
Без лажна скромност, без шокираност, непотребна драма, без навестувања и нејаснотии – онаа којашто преминува директно на главното, на суштината.
Од друга страна, пак, човекот кој не е во рамнотежа со себеси и е несигурен е принуден да заобиколува, да манипулира, лаже и да ја извртува вистината.
Ова однесување може да се користи и како детектор за сопствените слабости и тренирање на психичката стабилност.
Секојпат кога ќе ве уплаши директниот пат до некоја цел, размислете која болна точка ве спречува да делувате. А тогаш соберете храброст и ризикувајте, играјте со „отворени карти“.
Зборувајте јасно и гласно и однесувајте се разумно. Не играјте игри, бидејќи на никому не му е дојдено до тоа, а ваквото однесување зборува прилично лошо за вас.
Доколку ве интересира повеќе за ПСИХОЛОГИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.