Пукна тиквата. Децата на Мицковски се оградија од Илија Димовски за бројките со дрогата

Loading...

Извесниот Стефан Андоновски кој никој не го знае баш, а истовремено е член на ИК на Мицковски се огради денеска од Илија Димовски и тоа јавно, што е малку незгодно ќе признаете. Притоа треба да се има на ум дека Стефан знаеме дека не би смеел да дишне без да добие „амин“ од повисоките слоеви во палатата…

Советникот за меѓународна политика на Христијан Мицкоски и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски при вечерашното гостување на телевизија Алсат се огради од пратеникот Илија Димовски кој вчера додека траеше акцијата во Крушопек објави дека бил запленет 1,3 тони кокаин. -Информациите коишто излегоа од министерството за внатрешни работи треба да ги следиме низ статусите, „Фејсбук“ статусите на министерот, којшто е единствено одговорен носител на функцијата во министерството, а такви бројки од него не слушнавме. Тоа што пратениците, или некој друг граѓанин објавил или медиумите објавиле, е на одговорност на медиумите и на граѓаните коишто објавиле или политичарите. Видовте, партијата ВМРО-ДПМНЕ не излезе со бројки, не излезе со предвремени ставови, туку почекавме министерството во регуларна процедура да ни каже за што станува збор, рече Андоновски.

 

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...