Вечерва едно лице е жртва на престрелка на Улицата Рузвелтова. Едно лице е убиено а уште едно се бори за живот. Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Според првичните, непотврдени информации едно лице починало на местото на пукотницата, а едно се бори за живот. Телото на убиениот и тешко повредениот во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите. Наутро се очекуваат повеќе информации од МВР, откако ќе биде завршен увидот на местото.
Улицата е затворена за сообраќај.