Путин го смени Шојгу! Земјотрес во Русија: Овој човек ќе биде новиот министер за одбрана

Рускиот претседател Владимир Путин предложи да биде именуван актуелниот прв потпретседател на руската влада Андреј Белоусов за министер за одбрана, соопшти Телеграмскиот канал на Советот на Федерацијата.„Советот на Федерацијата ги прими кандидатите предложени од претседателот на Русија Владимир Путин за позиции на шефови на голем број федерални министерства и сектори.“ се наведува во соопштението.Белоусов претходно беше прв вицепремиер во кабинетот на Михаил Мишустин.Целосна листа на кандидати:
Министер за внатрешни работи – Владимир Колоколцев;

Министер за цивилна одбрана, вонредни ситуации и помош при катастрофи – Александар Куренков;

Министер за надворешни работи – Сергеј Лавров;

Министер за правда – Константин Чуиченко;

директор на Службата за надворешно разузнавање – Сергеј Наришкин;

директор на Федералната служба за безбедност – Александар Бортников;

директор на Федералната служба на трупите на Националната гарда – Виктор Золотов;

директор на Федералната служба за безбедност – Дмитриј Кочнев;

Раководител на главната дирекција за посебни програми на претседателот – Александар Линтс;

Претседател на Сметковната комора – Борис Ковалчук.

Пронајдете не на следниве мрежи: