ПУТИН: Западот мисли дека никогаш нема да користиме нуклеарно оружје, но имаме доктрина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со шефовите на меѓународните новински агенции во Русија, јави московската агенција ТАСС, која долги години го организира настанот на маргините на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум (СПИЕФ).Запрашан за ризиците од нуклеарна војна за Украина, тој предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку има закани за нејзиниот суверенитет или територијален интегритет, пренесува Хина.Владимир Путин рече дека Западот постојано ја обвинува Русија дека мафта со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно, бидејќи токму САД употребија нуклеарно оружје против Јапонија во Втората светска војна.Пред уредниците на странските медиуми, Путин рече дека руската нуклеарна доктрина дозволува такво оружје да се користи како одговор на одредени закани.„Поради некоја причина, Западот верува дека Русија никогаш нема да го искористи. Имаме нуклеарен документ, погледнете што пишува таму. Доколку нечии постапки го загрозуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет, сметаме дека е можно да ги искористиме сите средства што ни се на располагање. Ова не смее да се сфати лесно, површно“, рече Путин.

Пронајдете не на следниве мрежи: