Русија ги одржува најголемите поморски маневри во последните 30 години, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, кој преку видео врска ги следи вежбите „Океан-2024“.
„Русија мора да биде подготвена за секаков развој, а руската армија мора да биде способна да одбие воена агресија во која било насока“, рече тој, додавајќи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува морнарицата и сите други аспекти на вооружените сили и да ги развива нивните капацитети. вклучувајќи ги и нуклеарните сили.
Путин предупреди дека САД се обидуваат да постигнат воена доминација и да предизвикаат трка во вооружување.
„Американците веќе работат на пренесување и распоредување на нивните ракети во азиско-пацифичкиот регион“, посочи тој.