,,Путин нè потцени!“ НАТО испрати порака до Москва: Вашата стратегија нема да успее

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остро ги осуди новите руски ракетни напади врз Украина, нагласувајќи дека руската стратегија во таа земја нема да успее.

„Обидите да се лиши украинскиот народ од вода, струја и греење е намерен напад врз невиниот украинско народ“, рече Столтенберг во интервју за ДПА во Брисел.

Кремљ со месеци ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина. Во петокот Русија изврши нови напади низ Украина, вклучувајќи ги Запорожје, Миколаев, Виница, Полтава, Днепропетровск и Харков. Мета беше и Киев.

ПУТИН ГО ПОТЦЕНИ НАТО?

,,Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја искористи зимата како оружје, настојувајќи да го скрши украинскиот народ со цел да ја поткопа неговата поддршка за украинската самоодбрана“, рече Столтенберг. Но, генералниот секретар на НАТО е убеден дека стратегијата на Путин нема да успее.

„Историјата всушност нè учи дека овој вид на брутален напад врз цивили не ја ослабува волјата за отпор“, рече тој.

Столтенберг смета и дека Путин направил голема грешка со потценувањето на решителноста на членките на НАТО да и’ помогнат на Украина.

„Сојузниците на НАТО и’ даваат поддршка на Украина во невидени размери и јасно ставија до знаење дека ќе ја поддржуваат сè додека е потребно“, рече тој.


Пронајдете не на следниве мрежи: