Путин смета дека кипарскиот данок на штедење е неправеден и опасен

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени како неправеден и опасен данокот на банкарско штедење коешто Кипар мора да го воведе во замена за меѓународниот пакет помош со кој се претпоставува дека тешко ќе ги погоди богатите руски штедачи во кипарските банки, соопшти во понеделникот портпаролот на рускиот претседател.„Претседателот Путин рече дека оваа одлука, доколку биде прифатена, е непрофесионална и опасна“, рекол портпаролот Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.Европските експерти сметаат дека и покрај најавите дека многу руски штедачи повлекле добар дел од своите влогови во кипарските банк, вредноста на рускиот имот на Кипар изнесува барем 20 милијарди американски долари, што е значително повеќе отколку некои банкарски процени.Оттаму, Русија изрази најголема загриженост по најавата дека пакетот за странска финансиска помош за овој поделен медитерански остров ќе опфати и еднократно оданочување на банкарското штедење.Медиумите и аналитичарите во понеделникот оценија дела оваа одлука ќе ги чини руските штедачи меѓу две и три милијарди евра.Меѓународните кредитори, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, побараа од Кипар да воведен посебен данок од 6,75 отсто на сите штедни влогови до 100 илјади евра, и 9,9 отсто за влоговите повисоки од оваа сума.Инаку во понеделник кипарскиот парламент ќе гласа за итниот пакет финансиска помош, потег ги вознемири инвеститорите и доведе до слабеење на еврото веднаш на отворањето на меѓународните пазари на валути во Европа и Азија.
МакфаксРускиот претседател Владимир Путин го оцени како неправеден и опасен данокот на банкарско штедење коешто Кипар мора да

loading...
Loading...