Од компанијата „Пуцко петрол“ попладнево испратија соопштение во кое категорично отфрлаат било каква вмешаност со набавката на мазут.
„Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај,
претставувајќи го Пуцко Петрол како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме.
Нападот врз Пуцко Петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ. Никогаш не сме увезуале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према Пуцко Петрол надминува една милијарда денари.
Пуцко Петрол не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ.
Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации,
затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба“, велат од компанијата.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.