Ако ги прашате стоматолозите колку пациенти годишно завршуваат на нивната столица само затоа што забите ги користат за погрешни работи, ќе ви кажат дека одамна престанале да бројат.
Ова се само неколку од работите кои можат да ги наведат како штетни за забите и општо за здравјето:
– Отворање на метални капачиња со заби.
– Или отворање на пластични капачиња на шишиња.
– Користење на туѓи четки за заби.
– Грицкање на нокти – сериозно може да ви наштети на предните заби.
– Придржување на клучевите со заби, кога немате слободна рака.
– Било какво грицкање на канцелариски материјал кога сте под стрес – молив, пенкало, спојувалки, гуми…
– Пирсеви на јазикот или накит на било кој дел од устата.
– И последно и не најмалку важно – цигари.