Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

Перници – Доколку ја превиткате на половина и таа не се врати во нејзиниот природен облик, тогаш време е да ја фрлите.

Душек – Нешто слично се однесува и на душеците, бидејќи доколку забележите дека е вдлабнат на повеќе места, треба да си набавите нов. Според процените на експертите животниот век на душеците изнесува 10 години. Сепак, губењето на еластичноста и вдлабнувањето не е најголемиот проблем на старите душеци, туку прашинските грини, бактерии и мртви клетки од кожа кои се собираат во нивната внатрешност.

Пешкири – Оние кои се користат редовно треба да ги фрлите доколку се стари од 2 до 5 години.

Машина за перење алишта – Треба да се менува на 10 до 11 години.

Машина за сушење алишта – Треба да се менува на 12 до 13 години.

Машина за перење садови – Треба да се менува на 9 до 11 години.

Правосмукалка – Иако сè уште ви работи, правосмукалката треба да се менува на секои 5-7 години.

Четка за заби – Треба да се менува на секои 3-4 месеци.

Маскара – Рокот на употреба на маскарата е 3 месеци.

Козметика во прав и кармини – Собираат многу бактерии и доколку се постари од 2 години треба да ги фрлите.

Течна козметика – Поради истите причини како и козметиката во прав, треба да ја фрлите доколку е постара од 6 месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.