Работник во ресторан открива за измамата кога нарачувате пијалак со мраз

Џејсон Мора, корисник на TikTok, даде одговор. Вработен е во американскиот синџир Dunkin’ Donuts, па ги знае сите трикови на големите ресторани за брза храна како McDonald’s и слични.
Тој вели дека количината на течност во опцијата средна и голема е практично иста доколку нарачате со мраз.


„Земете чаша со кој било пијалак и ставете мраз во неа. Потоа од една чаша во друга претурете ја само течноста, без мразот. Добивате само половина од количината на течност во споредба со онаа што би ја добиле доколку нарачате пијалак без мраз. Накратко, ако нарачате пијалак без мраз, течноста ќе ја наполни целата чаша. Ако нарачате пијалак со мраз, течноста полни само половина чаша бидејќи другата половина е куп мраз“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.