Повеќе од 30 лица се повредени во експлозија во неделата во Санкт Петербург.
Руските власти објавија видео на кое се гледа како Дарија Трепова е испрашувана за убиството на блогерот Владлен Татарски, јавува Си-Ен-Ен.
Уапсена е Дарија Трепова, осомничена дека е вмешана во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург, во која загина блогерот Владлен Татарски, соопшти Рускиот истражен комитет.
Како што се слуша на снимката, таа признава дека му ја предала бистата на Татарски, која подоцна експлодирала.
Но, во објавеното видео таа не вели дека знаела дека ќе се случи експлозијата, ниту пак признава некоја друга улога.
– Дали разбирате зошто ве приведоа – ја прашаа надлежните Трепова.
– Би рекла дека затоа што бев на местото на убиството на Владлен Татарски. Донесов материјал што експлодираше – одговори таа.
– Кој ти го даде – ја прашуваат, на што таа одговара со прашањето:
„Може ли подоцна да објаснам?
Повеќе од 30 лица се повредени во експлозија во неделата во Санкт Петербург.
Пронајдете не на следниве мрежи: