Женската ракометна репрезентација на Македонија од третиот барабан ќе ја чека жрепката за квалификациксиите групи за Европското првенство во 2014 година, кое заеднички ќе го организираат Унгарија и Хрватска.Според распоредот на барабаните кој го објави Европската ракометна федерација (ЕХФ), во третиот барабан заедно со Македонија ќе бидат Словенија, Турција, Австрија, Белорусија, Полска и Словачка.Во првиот барабан ќе бидат: Норвешка, Данска, Франција, Шпанија, Русија, Шведска и Црна Гора.Репрезентациите на Романија, Германија, Исланд, Холандија, Србија, Украина и Чешка ќе бидат сместени во вториот барабан, додека во четвртиот барабан се: Литванија, Финска, Швајцарија, Португалија и Италија.Од четирите барабани ќе бидат формирани седум групи – пет со по четири репрезентации и две во кои ќе партиципираат по три селекции. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство.Инаку, ЕХФ дополнително ќе го одреди местото и терминот на извлекувањето на групите.
МакфаксЖенската ракометна репрезентација на Македонија од третиот барабан ќе ја чека жрепката за квалификациксиите групи за Е